ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ФОТО)Како изгледа изворната раса на македонско куче Шарпланинец?!

Крушево-спезијализирана ревија на изворни македонски шарпланинци

1.781

Крушево денска беше местото каде љубителите на расата “Шарпланинец“ имаа можност да ја погледнат афхтотоната ,изворната, раса на македонско куче Шарпланинец, различен од оној кој е признат и познат кај кинолошките друштва и одгледувачите.

Во организација на фондацијата „Тоше Проески “, Крушевчани одржаа ревијално специјализирана смотра на македонски изворни шарпланинци. Смотрите се одржуваат по 4-ти пат,  а на нив учество зедоа над 50-тина Шарпланиниц, од цела Македонија.

 

„Тука на смотрите повеќето се изворни Шарпланинци кои не се вкрстувани со други раси  –  вели организаторот, Славе Ристески,„ И, токму овој  настан се прави за одгледувачите да видат како треба да изгледа еден вистински, изворен, Шарпланинец од македонските планини и бачила, а не од домашните боксови. Целта е да се види „стариот“ македонски шарпланинец„ .

      

Ристески додава дека младите одлгледувачи го знаат сивиот Шарпланинец, кој го „создаде“ некогашната ЈНА за своите потреби, бидејќи бело потребно куче кое ќе се совпаѓа со природата, со сивите објекти на армијата, односно ќе биде незабележливо во околината, како чувар.

“Тука е згрешена работата и на листата на расни кучиња не е ставен белиот, црниот, тигравиот, медовиот Шарпланинец како чисто расно македонско куче. Токму, на овие смотри се сите овие кучиња, односно како теба да изгледа Шарпланинецот. Кинолошкиот сојуз на Македонија сеуште нема слух за сите оие видови Шарпланинци. Тие го признаваат, би рекол, само, оној, сивиот. Но, со оваа смотра го докажуваме спротивното, дека чистиот, афтохтониот, „стариот“, Шарпланинец, изгледа вака, а не новите хибридни Шарпланинци кои се одгледуваат во боксовите на одгледувачите на кучиња – вели Славе Ристески, од фондацијата „Тоше Проески, организатори на овој настан.

Одгледувачите истaкнуваат дека белиот Шарпланинец е вистинска реткост, карактеристичен по тоа што прстите на задните нозе му се дупли. Инаку, шарпланинците се чувари на овци и кози. Според одгледувачите на изворниот шарпланинец ги има четири вида: шарпланинец со молосоидна глава, со лупидна глава, мечкина глава кои се најбарани и шарпланинец со волчја глава. На успешната организирана специјализирана ревија на изворни македонски шарпланинци,  во Крушево на Гумење, се појавија сите видови на раси изворни  Шарпланинец, како горда раса на куче од  Македонија

Тоше Проески имал пет шарпланинци!

    Фондацијата „Тоше Проески“ не случајно го организира овој настан. Имено , македонската поп мега ѕвезда, кој прерано загина, Тоше Проески, бил голем љубител на животните, осовено на кучињата,односно шрапланинците. .                    Порталот за миленици,(milenici. mk) ќе напише „Тоше имал  пет шарпланинци,„и кога починал едниот , Тоше паднал во голема депресија“пишува порталот.

 

Фото Галеријата  од Крушево ја изготви продукција “Бозаро„

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: