ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Француско-германска комеморација во Битола и во Прилеп

596

По повод Денот на примирјето од Првата светска војна (Commémoration du 11 novembre 1918) и Денот на народна жалост (Volkstrauertag), амбасадите на Република Франција и на Сојузна Република Германија заедно и, оваа година, ќе го одбележат споменот за сите мртви, ранети, исчезнати и раселени лица, за жртвите на насилство и ранети лица од сите војни и сите народи.

В сабота на 11 ноември, во 12:00 ч. ќе се одржат комеморации на Француските воени гробишта во Битола ,а во 14:00 ч. Делегациие ќе одржат комеморација и  на Германските воени гробишта во Прилеп.

По повод овој настан амбасадорот на Сојузна Република Германија ќе одржи пригоден говор на француските воени гробишта во Битола, а амбасадорот на Република Франција ќе  се обрати на на германските воени гробишта во Прилеп, во знак на помирувањето помеѓу двете држави и како уште еден доказ за француско-германското пријателство. На oвој настан нaјавено е присуство на претставници на државните и локални власти, како и на дипломатскиот кор и на здруженија на граѓани.

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: