ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Градска библиотека „Борка Талески“: Промоција на книгата Радио од новинарот Љупчо Јолевски

346

Вечерва, ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“-Прилеп со почеток во 20:00 часот ќе биде домаќин на промоција на книгата „Радио“ од новинарот на Радио Слободна Европа, Љупчо Јолевески, настан кој што ќе се реализира со примена на протоколи за заштита од Ковид-19.

„Радио“ на повеќе од 730 страници со речиси толку фотографии – илустрации, низ селективниот субјективен избор на текстови на новинарот Љупчо Јолевски пишувани и објавени на Радио Слободна Европа, програма на македонски јазик нуди слика за македонската култура во изминатава половина декада.
Авторот во неколку целини – музика, литература, ликовна уметност, филм, театар, уметничка фотографија, преку информации, најави, разговори, интервјуа, рецензии ги пренесува ставовите на уметниците и творците.
За делото на авоторот ќе говори рецензентката Ана Франговска. Гости се Добрила Грашеска и Дориан Јовановиќ со музички настан од нивниот заеднички проект, Јордан Костов и Дејан Спасовиќ, а водител на вечерта е актерот Игор Трпчевски. Гостинка на вечерта е и актерката Даниела Ивановска.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: