ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Градскиот пазар ќе работи и во сабота, стартува и јавниот градски превоз

1.703

Општина Прилеп одлучи да  олабави дел од рестрикциите кои се применуваа за заштита од корона вирусот. Градскиот пазар освен во работните денови, од понеделник до петок, како што работеше изминативе неколку седмици, од оваа сабота се отвара за граѓаните. Работното време на пазарот во сабота ќе биде од 7 до 15 часот, со примена на протоколите за заштита од вирусот КОВИД-19, потенцираше градоначалникот Илија Јованоски. Втор чекор за релаксирање на рестрикциите е воведувањето на јавниот градски превоз.
– После продолжениот празничен викенд, односно од вторник 26 мај, се воведува јавниот градски превоз, при што во функција ќе биде ставена вонредната неделна линија, со запазување на мерките за заштита од коронавирусот, истакна градоначалникот Јованоски на денешната прес конференција, на која што информираше и за состојбата во изминатото деноноќие со коронавирусот.
Во општина Прилеп денеска се регистрирани двајца оздравени и еден новозаболен. За жал, уште еден наш сограѓанин, ја загуби борбата со оваа подмолна болест.
На инфективното одделение во Општата болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 16 лица, од кои 14 се позитивни на коронавирусот.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: