ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Грипот зема замав

Прилеп - 913 пријавени болни од сезонски грип на почеткот од оваа година

1.091

Владее сезоната на грип.Бројот на заболени од сезонски грип, во Прилеп, изминатите две седмици, се зголемил на 64% или од 913 пријавени болни од сезонски грип на почеткот од оваа, 2018 година, повеќето од половината се заболени во последните две седмици од февруари, информираат од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Прилеп .
„Од почеток на сезоната досега во ЈЗУ Центарот за јавно здравје-Прилеп регистрирани се 1130 случаи на сезонски грип. Споредбено со минатата година, имаме значително помал број на пријавени случаеви, во истиот период од година. Но, минатата година врвот на заболувањето беше месец јануари, а оваа година имаме типично сезонско јавување на грипот, така да пикот го очекуваме кон крајот на овој месец и почетокот на март„ – истакна епидемиологот од ЈЗУ Центарот за јавно здравје – Прилеп, д-р Татјана Мургоска Станимировиќ
Но,во овој период од годината, официјалните бројката на заболени од грип се секогаш двојно поголема, бидејќи голем број лица не се јавувуваат кај матичниот лекар и не се регистирани како заболени од сезонски грип, велат епидемиолозите
„Најголемиот број на заболени , 38% се од возрасната група 15-сет до 64-ри години.Тоа е она активно населени, додека во останатите возрасни категории бројот на заболени лица е значителоно помал„ вели епидемиологот д-р Станимировиќ.

ШТО Е ГРИП И КАКО ДА СЕ ПРЕВЕНИРА?!
Грипот е лесно преносливо заболување. Кај лицата кои се заболени од грип се препорачува да останаТ дома, да бидат изолирани се додека траат симптомите на грип и да ги намалат контактите со останатите членови од семејството. При кивање и кашлање да се покрива устата со марамче, често да се проветрува просториата во која престојуваат болните и поголема нега и третман за побрзо оздравување. А, да се превенира заразата од грип се препорачува луѓето во овој период од годината да ги избегнуваат контактите со лица кои се заболени, да се избегнуваат масовни собирања, почесто да се вршат проветрувања на просториите во кои секојдневно се престојува, почести одмори, помала физичка активност и балансирана исхрана со многу течности, витамини и минерали. Лицата кои што се болни, не треба да одат на работа, на училиште или в градинка, е препораката на епидемолозите

ВАЖИ ЗАБРАНАТА ЗА ПОСЕТА БОЛНИЦАТА ЗАРАДИ ЗАШТИТА НА БОЛНИТЕ

Поради состојбата со грипот моментно важи забранета за посета на болните во Општата болнца „Борка Талески“- Прилеп ,односно посетата е сведена на минимум во одредени одделенија,градинките во Прилеп работата, нема најава за посериозни и масовни отсуства во училиштата поради заболувања од грип

КОЈ СЕ СИМПТОМИТЕ?!

Симптомите на грип се во вид на настинка.На почетокот доминираат општи симптоми на настинка но веднаш кај заболениот од грип се појавува изнемоштеност, покачената температур над 38 или 39 степени, како и кашлицата која се појавува по еден /два ден, болки во мускули и зглобови.Тоа се симптомите на грип кога и треба веднаш да се побара лекарска помош.
Епидемиолозите со препорака до сите болни: задолжително да посетува матичен лекар за да им ја препише неопходната терапија, особено оние со потешка состојба за да може навреме да ги преупати на специјалистичко, болничко и друго неопходно лекување.

Инаку, оваа година Центарот за јавно здравје-Прилеп обезбеди 3000 дози вакцини против сезонскиот гирпи и сите се искористени,.Но, треба да се има во предвид дека 10 % од населението потребно е да биде вакцинирано за заштитата од грипот да биде на повисоко ниво.Посебно хроничните болни, малите деца, лица постари од 65 години треба да ја примат вакцината против сезонскиот грип за поголема заштита на населението од оваа болест.Интересот за вакцинацијата против сезонски грип од година во година се поголем,но сепак,сеуште е мал бројот на лицата кои се вакцинираат против сезонскиот грип ,велат епидемиолозите.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе