ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

И Македонците во Малта одржаа мирен собир

810

Продолжија мирните протести на Македонците во светот како реакција на актуелните случувања во Македонија поврзани со преговорите со името, законот за јазиците, договорот со Република Бугарија итн. Денеска кон мировните демострации на патриотските граѓански организации под закрила на иницијативата на Обединетата Македонска Дијаспора се приклучи македонската заедница во Малта. На протестот кој се одржа пред парламентот во Валета – Малта, присутните упатија порака: „Им порачуваме на сите дека името е света работа и никој не смее да го смени!“
Мировните протести „Ние сме Македонија“ се случуваат на глобално ниво во сите градови и држави каде живеат Македонци. Викендов протестите најпрво започнаа во Нов Зеланд и Израел, а продолжија во Париз, Лондон, Берлин, Женева, градот Асти во Италија, а за утре се најавени народни собранија на Македонците во Австралија. Во Канада демонстрации на патриотските здруженија се закажани за наредниот викенд.

Движењето „Ние сме Македонија“ бараат итен прекин на разговорите околу името на државата; ставање вето од страна на Претседателот на државата на противуставниот закон за јазици, организирање попис под мониторинг на реномирана меѓународна организација; не -менување на историјата на Македонија, статутот на МПЦ – ОА и интензивирање на грижата за Македонците во соседните држави.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: