ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

И вториот пријателски натпревар во корист на Победа

519

Попладнево на теренот на Могила во Прилеп во пријателски натпревар на второлигашите од источната група, Победа го совлада Кожуф со 1-0 (1-0). Со тоа фудбалерите на Победа ја забележаа и втората победа во подготвителниот период. Стрелец на голот за Победа беше Дарко Анастасовски во 40. минута со одличен удар од 15-тина метри во самиот лев горен агол на гостинскиот голман Ников.
Анастасовски, кој настапува во нападот и доаѓа од Слога Виница и повратникот во „црвено-белиот“ табор Андреј Петкоски од битолски Пелистер, кој настапува на стоперската позиција, се последните две засилувања на тимот на Крстески за пролетната полусезона.
За Победа настапија:
Котевски, Наумовски, Дамески, Петкоски, Колески, Андреески, Дунимаглоски, Јошески, Ефремов, Симјановски, Анастасовски, како и Гешоски, С. Спиркоски, Петровски, Илиески-Кисески, Димитриески, Митрески, Ф. Спиркоски, Каралиоски, Ристески, Бунтески, Маркоски
И следниот контролен меч трет по ред Победа ќе го има во Прилеп. Натпреварот се игра в сабота, кога противник ќе биде есенскиот првак во Третата лига-Исток, Слога од Виница.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: