ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ИН МЕМОРИАМ – Почина Златко Лашкоски, вљубеник во македонскиот фолклор, секретар на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“

7.886

Денеска, ненадејно почина Златко Лашкоски, вљубеник во македонскиот фолклор, долгогодишен секретар на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ во Долнени.

Златко Лашкоски беше целосно посветен на успешно опстојување и промоција на изворното музичко народно богатство. Љубовта кон изворната музика од секогаш се негуваше во неговото семејство, а неговиот татко беше познат гајдаџија и близок пријател на Пеце Атанасовски.

Неговиот  придонес за негување и промоција на македонското изворно богатство, Златко го всади преку помош и организација на Долненскиот фестивал. Тој повеќе од 30 години учествуваше, директно беше вклучен во манифестацијата со повеќедецениска традиција, а последните 8 години беше секретар на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“.

Златко Лашкоски беше татко, семеен човек, голем пријател, човек со големо срце, секогаш со позитивен дух и верба во најдоброто на човекот. За Златко немаше препреки кога стануваше збор за одржување на  Фестивалот, преку кој што, како што најчесто знаеше да каже, се огледува македонската душа и срце и  богатството на татковината.

Златко Лашкоски, беше погребан денеска на Градските гробишта во Прилеп.

Во прилог разговорот за програмата на Радио Пела, кој што беше непосредно пред годинешното одржување на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“.

Почивај во мир, драг пријателе, човек со неизмерна верба во хуманоста, човечноста и љубовта!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: