ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

IN MEMORIAM – „Замина“ големата спортска прилепска ракометна легенда, Стеван Николоски -Селото

5.426

Почина ракометната прилепска легенда, Стеван Николоски – Селото, ( 71 година) ,еден од врвните ракометари, пивотменот на некогашниот РК Тутунски комбинат, човек кој му го посвети животот на спортот, на ракометот.

Оние кои го знаеа велат дека Селото беше еден од ретките ракометари кој ракометот не го учел, туку му бил вроден. Сам измислувал ракометни потези, а најубавите голови му биле со лобовање. Велат, давал голови со „финта„ и секогаш бил страв и трепет за противничките голмани. Тој е еден од оние кои се најсалужни за големата афирмација на прилепскиот ракомет. Стеван Николоски , познат како Селото,  беше љубимец на прилепската публика. Во својата 15 годишна ракометна кариера постигнал преку 6000 голови.

Стевна Николоски – Селото својата ракометна кариера ја започнува во далечната 1966/67 година во клубот РК Прилеп, кој подоцна во 70 години од минатиот век, го носи името на спонзорот,  РК Тут-Ком и останал во него до крајот на својата кариера. Селото беше врвен играч, еден од најдобрите македонски ракометари, со што беше со право и постојан член на Македонската ракометна репрезентација. Два пати, 1975 и во 1979 година, е избран и за најдобар спортист на Прилеп, а честопати бил во 10-те најдобри спортисти на градот под Марковите кули .

Од ракометот не се откажал ни по завршувањето на неговата играчка кариера. Продолжил како тренер, со младинските категории, а подоцна и со ЖРК Тут-Ком,  кои заедно со Коруноски и Кузманоски, го внесоа во Втората YU лига и создадоа врвни ракометни имиња во женскиот прилепски ракомет.

Стеван Николоски – Селото  со својата ракометна умешност, големина и квалитет си обезбеди трајно место меѓу спортските легенди на Прилеп.  Со еден збор, Стево Николоски – Селото  останува во трајно сеќавање кај љубителите на спорот и ракометот, но и во срцата на сите оние кои го знаеа и како спортист, и како тренер, и како човек, посебен, чесен, борбен, правичен и ценет пријател и спортски работник

Почивај во мир ракометна легендо! Ќе ни недостасуваш!

Погребот е утре, 03 септември во 12,оо часот на новите градски прилепски гробишта!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: