ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Интервју со Ирена Јакимоска: „Градиме компанија која ќе постои и после нас“

Од 10 жени менаџерки во Р.Македонија Ирена Јакимоска и Наташа Стојкоска избрани за успешни жени менаџерки!

1.021

Основана 2004 тата година, текстилната компанија Комфи Ангел денес претставува еден од предводниците не само во текстилниот сектор, туку и во бизнисот воопшто во Македонија. Со амбициозни и брзи чекори уште од стартот, Комфи Ангел прерасна во пример за успешно менаџирање на извозно ориентирана компанија. И не само тоа, кога ќе се спомне овој текстилен гигант тоа е асоцијација на општествено одговорна компанија која е нераскинлив дел од заедницата во која непрестано и несебично вложува. Комфи Ангел вработува повеќе од 1000 луѓе, кои се едно големо семејство ако се суди според грижата која компанијата ја води за своите работници, нивно усовршување, наградување и грижата за нивната иднината.

Радио Пела: Колку е тешко или лесно да се менаџира со над илјада вработени и уште толку соработници и коминтенти со цел Комфи Ангел да стане компанија каква што е денес, успешна, препознатлива и општествено одговорна?

Кога имате филозофија за постоњето на компанијата, кога градите компанија која ќе постои и после нас, дефинитивно, процесот на развивање мора да се одвива во континуитет, да продолжи засекогаш. Нашата филозофија како компанија е дека градиме компанија која ќе постои после нас. За да истата се реализира, Вие во континуитет треба да го задржите правото на општествена одговорност, посебно што во условите, во општеството, заедницата во која се стопанисува и каде ја градите таа додатна вредност за да бидете толку успешни и во континуитет мора да го отворите вашите врати на младата, позитивна енергија, која секогаш треба да биде водилка, водечка сила на компаниите, за да го продолжи процесот на развој и за да може да се реализира зацртаната идеја

Радио Пела: Имате добиено многу награди и признанија, но што оваа наградата претставува за вас со оглед на тоа што изборот е за успешни бизнис жени?

Секоја награда е олицетворение на целокупната работа на тимот, на тимот на Комфи Ангел и секоја награда создава обврска, за Вие да го продолжите процесот на надоградба, за да може да ги стекните новите надгради во новите времиња и предизвици.
Секако, задоволство е кога некој го забележал вашиот труд, Вашата работа, и Вашите вредности кои што ги давате во компанијата и во општеството во кое стопанисувате и навистина наградата Агенцијата Марили ми е посебно драга, па ја користам оваа прилика да се заблагодарам затоа што ја препозна компанијата Комфи Ангел и во неа Ирена Јакомовска како успешни.

Радио Пела : Кои критерими треба да исполнува една жена за да постигне професионален успех?
Независно на која родова припадност припаѓате, да се води една компанија создава голема одговорност, пред самите вработени коминтентите, прекупците, пред добавувачите и институциите на општеството во кое стопанисува компанијата. На наша среќа во Македонија не постои неприфаќање на жената како лидер во однос на деловната активност, па ни во политиката и во другите сфери на делување. Колегите мислам дека подеднакво ги прифаќаат жените и го препознаваат нивниот труд, во целокупниот процес. Но, она што жената ја одликува како жена е фактот дека е мајка и нечиј партнер. Тоа претставува големо залагање, посветеност, доколку сакате да создадете нешто повеќе во опшеството, зашто жената треба да најде баланс помеѓу приватниот и службениот живот, бидејќи водење на компанија, бара целокупна посветеност

Радио Пела: Кој е Вашиот совет до жените менаџерки во Македонија – дали да бидат похрабри во донесувањето на одлуките?

Секако. Носењето на правилни одлука е дел од успешноста на една компанија. Но, жената менаџер треба да знае дека треба да биде прагматична, да делува храбро и сигурно во донесувањето на одлуките, да верува во себе и во сопствената интуиција, околу себе да има квалитетни и успешни луѓе од кого што може да учи, но за мене важни се и чесноста, особено и работливоста. Односно работа, работа и само работа се клучните постулати на менаџирањето!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: