ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Исплатени субвенциите за тутун за ланската реколта

810

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурaлниот развој на сметките на 28.168 субјекти, исплати близу 1,7 милјарди денари за произведен и предаден тутун од реколта 2020 година. Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски информира дека станува збор за исплата на сите производители кои правно законски ги исполниле условите за добивање на финансиска поддршка по оваа мерка.

„Средствата се веќе легнати на сметките на сите производители кои што произведениот тутун го предале во регистриралните откупни центри: Тутунски комбинат Прилеп, Алијанс, Сокотаб, Пашоски, Секе, Орбита табак, Кавекс Балкан, Мисириан и Бако.“ – информира Бачовски.

Висината на директните плаќања изнесува 80 денари по килограм за прва класа произведен и предаден тутун, 70 денари за втора класа , и 60 денари за трeта класа произведен и предаден тутун од реколта 2020 година.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: