ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Избрани реонските попишувачи за Прилеп (реон 19)

1.347

Познати се имињата на реонските попишувачи, кои се избрани и именувани од Државниот завод за статистика за Пописен реон 19 со седиште Прилеп кој што  покрива подрачје на 3 општини и тоа Прилеп, Кривогаштани и Долнени. Информацијата за изборот на кандидатите се наоѓа на веб страната на Општина Прилеп (Огласна табла). Одлуката за именувањето на реонските попишувачи опфаќа вкупно 273 реонски попишувачи, и 18 резервни можете да ја проверите овде.

Пописниот реон 19 Согласно административниот регистар на просторни единици опфаќа 109 населени места, а според Пописот од 2002 година вкупното население во општините кои ги опфаќа Пописниот реон изнесуваше 96486 со 30086 домаќинства и 36564 станови.

Пописот во земјава почна на 1 март за дијаспората, која што се самопопишува преку веб-апликацијата.  Преку апликацијата за самопопишување, со состојба на 23.03.2021 евидентирани лица во 08:00 изнесува 130 009. Во првичната фаза исто така се попишуваа дипломатите и нивните семејства кои живеат надвор од земјата, лицата во казнено-поправните установи и во воспитно-поправните установи, припадниците на Армијата и бездомните лица. Другите граѓани што не спаѓаат во овие категории од населението ќе треба да се попишат во периодот од 1 до 21 април.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе