CSS Template

Кафулињата од денeска отворени. Но, пред пиење кафе, дезифицирање на раце

613

Од денеска прилепските кафулињата ги отвораат вратите. Според одлуката на Влада, ќе работат од 8 часот до 22 часот. Но, засега ќе можат да работат само отворените делови од кафулињата и рестораните , со ограничување на бројот на гости и почитување на здравствените протоколи.

Се ограничува бројот на гости, а на една маса со четири столици  максимум можат да седат две лица или четворица доколку се од едно семјество; растојание од столче од 1,5/2 м. од соседната маса; забрането е организрање на прослави (свадби,крштевки и други семејни забави); забрането е користење на супачи за раце во тоалетите итн ….

Инаку, остануваат на сила мерките на Владата за задолжително носење маски на затворен јавен простор и на отворено доколку не е можно да се постигне физичко растојание од два метра.


Vivafarm
Farma Dolneni