ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Како Прилеп ќе го одбежи 15-ти октомври, Меѓународниот ден на руралната жена?

437

Здружението за рурален развој Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР во соработка со Општина Прилеп, на 15-ти Октомври  ќе го одбележи Меѓународниот ден на руралната жена.

На 15-ти Октомври со почеток од 10 часот во конференциската сала на Општина Прилеп ќе се одржи конференција за предизвиците со кои се соочуваат жените од руралните средини и можностите за приспособување на локалните и националните политики за вклучување на жените од руралните средини во клучните процеси на одлучување,

Со почеток пак во 12 часот во просторот околу Саат Кулата во Прилеп ќе имате можност да го посетите Саемот на земјоделски производи на кој ќе бидат изложени примарни и секундарни земјоделски производи подготвени од вештите раце на жените од руралните средини.

Саемот е организиран со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Вашето присуство ни е од особено значење за заеднички да ги пренесеме потребите и предизвиците на жените од руралните средини, и да дадеме поддршка во отворање на нови можности за развој на заедницата преку потенцијалот и перспективата на овие жени“ велат од ЛАГ Агро Лидер, кои ги покануваа сите да го посетат овој настан и да дадат своја поддршка на руралната жена

 1,6 милијарди од вкупното светско население

 опаѓа на жени од руралните средини

Според светските статистики руралните жени сочинуваат повеќе од една четртина од вкупното светско население. И покрај ваквите податоци, македонската рурална жена сеуште не е доволно застапена во земјоделските здруженија, во бизнисот и во донесувањето одлуки за развој на земјоделството. На жените од руралните средини отпаѓаат 1,6 милијарди од вкупното светско население. Произведуваат речиси половина од храната, до 80 отсто во Африка, 50 проценти во Азија и околу 40 отсто во Јужна Америка и западните земји. Овој е доволен податок да се даде поддршка на руалната жена  во отворање на нови можности за да биде поактивни и вистински лидери, придвижувач на земјоделскиот процеси и реформи во македонското земјоделије!

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: