ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Кандидат за градоначалник на СДСМ за Крушево е актуелниот градоначалник

511

На листата градоначалници кои ги подготвува СДСМ за локалните избори, вечерва на Извршниот одбор од објавените имиња на кандидати е објавено и името на актуелниот градоначалник за Крушево, Томе Христоски, како кандидат на СДСМ за престојните локални избори за општина Крушево.

Пред една недела тој ја најави својата кандидатура за кандидат за градоначалник на општина Крушево од редовите на СДСМ и на својот ФБ профил напиша: „Пред 4 години ОО СДСМ Крушево беше една од ретките општински организации кои спроведоа внатрепартиски избори и самото членство кажа кој сака да биде нивни кандидат за градоначалник. 4 години подоцна сакав не само членството туку граѓаните на општина Крушево да ја изразат вољата за тоа кој сакаат да биде нивни градоначалник во наредните 4 години. Изминатиот период добив голема поддршка и поттик од граѓаните да се кандидирам повторно и да ја предводам општината во наредните 4 години.Најпрво, останува на органите на партијата да го одредат пред се кандидатот на партијата, а потоа сите граѓани да го одредат идниот градоначалник. Очекувам силна поддршка и од партијата и од граѓаните. Направивме многу, но имаме уште многу за работа. Подготвени сме со проекти за кои ќе изнајдеме средства и ќе почнеме со реализација уште во наредната 2022 година. Заеднички со граѓаните ќе работиме не само на проектите дел од програмата, туку и на се она што ќе произлезе во текот на мандатот. Продолжуваме амбициозно, одговорно и посветено! Крушево дополнително ќе се менува! Крушево продолжува да се гради! Заедно со граѓаните!„ – напиша Томе Христоски, на својот ФБ профил

Вечерва, СДСМ објавени имињата на 21 кандидат на СДСМ за градоначалници од своите редови за локалните избори закажани за втората половина на месец октомври. Меѓу нив сеуште нема име на кандидат за општина Прилеп, иако како потенцијални каднидат се споменуваат актуелниот градоначалник, Илија Јовноски и екс диркторот на Царини, Горан Сугарески, кој веќе од вчера е на своето старо- ново работно место во одделението за комунални работи при Општина Прилеп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: