CSS Template

Карневалска песна „Немам корен“ и се е подготвено за „Прочка 2019“

822

Се е подготвено за Манифестацијата „Прочка 2019“. Годинешното 18-то издание на оваа манифестација, ќе се одржи од 8-10 март. Петокот започнува со организирана изложба на маски и цртежи со тематика од Прочка , саботата ќе биде резервирана за учениците од основните училиште и нивнте групни маски со  „детското карневалско дефиле „, а неделата ќе се одржи карневалското дружење  со организирани групи од Македонија  и странство . Доаѓаат маски од Лесковац,  Шабац, Бања Ковиљача, Маска од Сплит, Бугарија, Турција итн. Практично карневалот ќе заврши во понеделник, со традиционалниот посен ручек со  грав во манастирот „Св.Ѓорѓија„ кој секоја година го организра здружението  „Прилепските мечкари“. На карневалот „Прочка 2019“  ќе бидат прикажани, и традиционалн и модерни маски ,групни и поединчни, а  се очекува да присуствуваат над 1000 ученици имногу гости

Дали на прилепскиот карневал  ќе има шеговити фигури кои алудираат на актуелни теми од градскиот и политичкиот живот во државата и светот, останува да се види,  кративноста на карневалистите. Карневалска манифестација е почеток на  очекување и еуфорија и многу многу смеа.

По повод  „Прочка 2019“ прилепчани направија и песна, „Немам корен“,во интерпретација на Игор Трпчевски , кои повеќе од 10 години е водител на оваа манифестација . Тоа е оригналната музика на Алис Мертон , која само е прведена. Томче Темелкоски ја направи маѓијата, ја измикса музика,вокалите и направи песна за „Прочка“ – „Немам корен“ која е неделен хит на Радио Пела!

 

 


Vivafarm