ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ќе се одржи ликовната колонија Дрен 2021

613

По 13 пат, од 19 – ти до 25 -ти јули, во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи традиционалната ликовна колонија Дрен 2021, на која годинава освен што ќе творат сликари, дела во метал ќе создаваат и скулптори.

Годинава ќе творат 11 уметници од земјава и странство. Своите инспирации на платно ќе ги пренесат сликарите Мирослав Живковиќ и Снежана Малетин од Србија, Мирјана Крстева Масети, Марија Стојаноски – Петкоска, Александра Петкова, Буба Солак, Драган Најденовски, Новица Трајковски, Владимир Темков и Тони Чатлески, а во метал ќе работат скулпторите Слободан Милошески и Марјан Стојаноски. Делата создадени на годинашната колонија наесен ќе бидат претставени на изложба.
Досега на колонијата се создадени околу 350 дела кои се во трајно наследство на Центарот и на државата. Ликовната колонија се одржува со финансиска поддршка на Министерството за култура.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: