ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Кога уметноста е во служба на човештвото – Билјана Јуруковски

1.179

Хуманите луѓе на кои  љубовта кон татковината, им е водилка во животот, немаат граници како да помогнат, да усреќат семејства и со тоа да подарат насмевки. Прилепската уметница – светски познат фотограф Билјана Јуруковски, е токму тоа – хуманистка, која што поттикна УМЕТНОСТА ДА БИДЕ ВО СЛУЖБА НА ЧОВЕШТВОТО. Иако таа долги години живее и работи во Австралија, во Сиднеј, најде начин како во овие тешки времиња да помогне за социјално ранливите семејства во Македонија.

„Јас не можам да бидам смирена, јас сум Македонка”, вели Билјана за акцијата и додава „ Верувам дека вредностите на интегритетот, фамилијата, пријателствата, почитувањето и добротворните дела ни помагаат да го дефинираме патот низ животот. Денес во време на неизвесност верувам дека овие вредности мора да бидат појаки од се’, а уште повеќе што добротворните дела треба да блескаат најмногу од се’.“

Веќе трета недела, од предвидените вкупно 10,  на аукција, Јуруковски ги продава своите уникатни фотографии изработени на езготични места во светот во Африка, Азија и Америка

Досега Билјана продаде 3 свои дела: фотографијата „Ловец на орли“ беше првата која што веднаш ги најде новите сопственици, фотографија „Повик на дивината “, каде е Сурма девојка е прикажана со својот уникатен изглед, и уште една трета по ред фотографија од Сурма домородното племе, кое што живее на граница меѓу Етиопија и Јужен Судан.

Средствата добиени од аукцијата со посредство на Хуманитарната организација „Свети Спас“ , со голема грижа и посветеност на Отец Оливер Петровски се наменети за набавка на прехранбени продукти. Она што исто така е важно во оваа донаторска акција е што производите се од македонско потекло, и со тоа им се овозможува дополнителна помош и на домашните компании!

Билјана Јуруковски е светски реномиран фотограф, со многубројни изложби и признанија за својата работа, но како што вели и самата признанијата од родниот град и’ се најдраги. Таа минатата година беше добитничка на Трето ноемвриската диплома за нејзиниот придонес во уметноста, во фотографијата и воедно беше дел од 13 те Величествени на Радио Пела.

Билјана е прекрасен пример и за останатите уметници –  хуманости во Македонија и во Австралија.  

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: