ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Кои екипи ќе настапат на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски„?

698

Се е подговено за овогодишниот меморијалн ракометен турнир „Миле Нешкоски“ кој ќе се одржи во периодот од 31 август и ќе трае до 2 септември.

На овогдишниот турнир вкупно ќе учествуваат пет домашни екипи и една странска. Учесници од Македонија ќе бидат екипите на Прилеп (како домаќин), Струга, Тиквеш, Еурофарм Пелистер 2 и ГА КЛ7. Гостинска екипа ќе биде српската Дубочица од Лесковац.

Свеченото отворање на турнирот е во 16,оо ч, на 31 август, каде претходно ќе биде положено цвеќе на спомен обележјето пред Универзалната сала во Прилеп на прерано починатиот ракометен ас и легенда на Тутунски комбинат, Миле Нешкоски, во чија чест се одржува турнирот.

За македонските екипи овој ракометен турнир ќе биде и последна проверка пред стартот на новата сезона, кој е закажан за 8/9 септември.

Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, се одржува по шести пат, бидјеќи минатата година беше одложен и не можеше да се одржи поради ситуацијата со Ковид 19.

РАСПОРЕД на меморијалн турнир „Миле Нешкоски“

Учениците ќе бидат поделени во две групи и секој тим на почетокот ќе одигра по два натпревари.

Група А: Прилеп, Струга, Тиквеш

Група Б: Еурофарм Пелистер 2, ГА КЛ7, Дубочица

Целосна агенда на турнирот

31.08.2021, вторник

16:00 часот, Свечено отворање на турнирот

18:00 часот, Прилеп – Струга

20:00 часот, Дубочица – ГА КЛ7

01.09.2021, среда

10:00 часот, Струга – Тиквеш

12:00 часот, ГА КЛ7 – Еурофарм Пелистер 2

18:00 часот, Прилеп – Тиквеш

20:00 часот, Дубочица – Еурофарм Пелистер 2

02.09.2021, четврток

09:00 часот, натпревар за 5. место

11:00 часот, натпревар за 3. место

13:00 часот, натпревар за 1. место

14:30 часот, свечено доделување на награди

Натпреварите ќе се одржуваат во салата при СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: