CSS Template

Кои предлог економски мерки ги достави советничката група на ВМРО ДПМНЕ Прилеп до Советот на Општина Прилеп

238

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата до Советот на Општина Прилеп предлага вкупно 6 мерки, со цел справување со економската криза. Предлозите биле веќе доставени, а координаторот на советничката група од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Петар Ристески, денеска на средба со новинарите ги образложи. Предлог мерките се следните:

  1. Предлагаме намалување за 50% на данокот за имот за тековната 2020 година, како и 50% на данокот за наследство и подарок;
  2. Целосно ослободување од плаќање на фирмарина на деловните субјекти за 2019 и 2020 година.
  3. Целосно ослободување од надомест за користење на јавен простор пред деловните простории (вклучително и летните тераси пред угостителските објекти до крајот на 2020 година)
  4. Предлагаме и намалување за 50% на сметките за вода и комунални услуги за најпогодените физички и правни лица во период од 6 месеци.
  5. Во периодот додека трае кризата да се раскинат сите договори на дело на лица ангажирани преку агенции за привремени вработувања, авторски договори и слично, мерка со која ќе се заштедат околу 10 милиони денари.
  6. Предлагаме и укинување на сите непродуктивни трошења на Локалната самоуправа и јавните претпријатија, вклучително и на средствата предвидени за репрезентација, како и рационално и ограничено користење на возниот парк на институциите. На овој начин ќе се заштедат цели 5 милиони денари.

Проследете ја прес конференцијата во целост на следниот линк


Vivafarm
Farma Dolneni