ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Коледарчиња утрово го разбудија Прилеп, а „Преродба„ доследна на традцијата –  Пред Бадник за Божиќ, кади и да си дома да си!

1.197

 

Рано утрово, коледарчиња први го навестија раѓањето на Исус Христос и го означија денешниот празник Бадник. Со стапчиња во раце , тргнаа од куќа во куќа пеејќи ја песната „Коледица,варварица„,а од домаќините беа почестени со јаболчиња, круши, костенчиња,  слатки , оревчиња, парички,,како благодарност за благата вест.

 

А, во духот на традиција Здрижението „Преродба„  традиционално  го одбележаа Бадник, денот пред раѓањето на Исус Христот, последен ден од Божиќните пости. Подготвија посна трпеза,  со многу посни слатки, посни јадења, гравче, посна сарма, овошје, костени, ореви, бадеми, локум, месени посни пити, крофни и мекици, беа дел од богата трепзата на Здружението „Преродба„

 

Ние од нашето постоење ја негуваме бадниковата трпеза и Бадник.- вели претседателот на Здружението Лилјана Ѓорѓиоска

 

Оваа традиција , бадниковата посна трпеза, ја оджуваме веќе 14 година, откако постои здружението. И, токму за тоа е формирано здружението , да ја чува и негува традицијата и да ги пренесува традиционалните вредности на идните генерации. Ние,  Македоноците ова го имаме од памтивека, од нашите баби прабаби, од нашите мајки и сакаме и нашите поколенија ова да го продолжат. Бадник е голем празник, односно е последниот ден на Божиќните пости, па затоа и трпезата е посна. После вечерата, масата осатануа не раскрената,бидејќи се верува дека  Бог слегува да вечера.

Бадник е ноќта на мирот, радоста и сплотеноста, кога будни се дочекува раѓањето на Христос. Секое православно семејство во своите домови  украсени со бадникови гранчиња симболично ја очекува веста за раѓањето на Исус Христос. А, кога ќе дојде голмиот празник Божиќ, христијаните ќе си честитме со зборовите „Христос се роди-навистина се роди“! – вели Ѓорѓиоска

 

https://www.facebook.com/radiopela/videos/594417714657654/

 

Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник е на 6-ти јануари секоја година, а Божиќ на 7-ми. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден – Христовото раѓање. Бадник е ноќта на мирот, радоста и сплотеноста на семејството кое будно го чека Христовото раѓање.  Истовремено,  со овој ден завршуваат и Божиќните пости.  Зборот Бадник доаѓа од зборот да бидеш буден.  Таа ноќ сите домашни луѓе не заспиваат туку преноќеваат будни, и од тоа таа ноќ е наречена: бадник – будник“.

Бадник е празник кој се прославува во кругот на семејството. Традиционално, во Македонија семјството се собира на вечера на Бадник. Се подготвува богата трпеза исклучително со посна храна: питулици, сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и друго, што треба да обезбеди богат род на земјоделските култури во следната година.

И се вели „пред Бадник за Божиќ, кади и да си дома да си!„

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: