ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Комфи Ангел воведува нови, поригорозни, правила и мерки за ковид – заштита на вработените

2.252

Поради сериозноста на ситуацијата со КОВИД 19 и „опуштеноста“ на населението, (како пандемијата да е веќе минато), компанијата Комфи Ангел – Прилеп, со цел да ги заштити своите работници од пандемијата, од денеска воведува нови мерки, правила и принципи на однесување на вработените за заштита од коронавирусот, со најава дека за ниту еден вработен нема да постои компромис на попустливост при непочитување на мерките и правилата. Ќе се преземат строги дисциплински мерки , без разлика на позицијата и стажот на работа во компанијата, доколку не се почитуваат правилата кои ги пропишува компанијата за заштита од КОВИД 19.

„Сите сме еднакви пред болеста и сите треба да се однесуваме одговорно“ – истакна на редовниот состанок со вработените“ Ирена Јакимовска, менаџерот на Комфи Ангел, која, токму во интерес на здравјето на вработените ,наместо стандардно во дворот на фабриката, состанокот го одржа онлајн.

Со цел да се лимитира масовното присуство во кантината, компанијата воведе правила во однос на користењето на кантината и бројот на вработени кои ќе можат да ја користат во моментот на послужување на храната. Воведено е задолжително носење на заштитни маски во текот на целото работно време, и тоа на правилно пропишан начин, со покривање на носот и устата, а за време на пауза дозволено е собир на група работници, најмногу до 5 лица и држење на соодветно растојание.

Новите мерки и препораки ќе мора задолжително да се почитуваат од страна на секој вработен во текот на работното време и при превозот на работниците, за превенција од коронавирусот. Воведуваме т.н “Ковид маршали„ лица, кои ќе работат 24 часа, кои постојано ќе надгледуваат дали вработените максимално ги почитуваат правилата и пропишаните мерки на компанијата за заштита од КОВИД 19. Потребно е да покажеме и докажеме дека можеме да издржиме и во вонредна состојба, како што е оваа и да дадеме максимална одговорност“ – потенцира Јакимовска.

 Работниците на Комфи Ангел – пример за останатите, како против вирусот

„Сите ние сме ликот на оваа компанија, и , тоа како се однесуваме во нејзе и надвор, е подеднакво важно. Не гледајте ги другите што прават!  Бидете пример за другите како треба да се однесуваат, заради превенција, заради лична заштита, заради наше заедничко добро! Среќни сме со промените (покачувањата) кои ги видовме во платите овој месец, кај сите нас. Среќни сме со сигурноста која ја имаме во овој момент како компанија, а сме едни од ретките. Дозволете таа среќа да ја зачуваме! А, ни треба само малку ! Да останете здрави, да го чуваме нашето здравје, заради Вас, Вашето семејство, заради Вашата компанија. Треба да сфатиме дека на јавно место треба да носиме маска, да не присуствуваме на дружби и забави каде има голем број луѓе, да држиме растојание кога чекаме ред пред банка, шалтер, продавница…, и со нашето однесување да служиме како пример за другите– посочи, Ирена Јакимовска.

Менаџерскиот тим нагласи дека компанијата со вакви одговорни вработени има обезбедено работа до крајот на 2021 година. Но, мора да се почитуваат мерките на превенција од КОВИД 19, мора да се чува здравјето, мора да се почитуваат препораките на Комисијата за здравство. 

Подобар животен стандард за сите – цел на компанијата

Со визија и мисија на компанијата “градиме компанија која постои после нас“ компанијата цели и кон градење на соодветен животен стандард за вработените. Платите овој месец се повисоки, на 16 вработени овој месец им е исплатена 13 –та плата, а на трета група рабоници, 125 на број, им се исплатени пари, регрес за годишен одмор, односно К15.

Солидарниот фонд доделен на начин прилагоден на новонастанатата ситуација

На редовната лотарија, Зоран Тасески беше извлечен како добитник, а останатите средства од солидарниот фонд, вообичаено му се подаруваат на лице кому средствата му се најнеопходни. Овој пат компанијата одлучи тие средства да му припаднат на вработениот Христијан Ризески, за лечење на неговата повреда направена на работното место.

Функционира „Линијата за психолошка помош и поддршка на вработените“!

Покрај физичкото, менталното здравје на вработените е исто така приоритет на команијата . „ Новонастанатата ситуација е причинител на одредени акциозности и стравови кај поединци, што е сериозен психолошки проблем денес “, велат психолозите, вработени во Комфи Ангел – Прилеп, кои како психолошка служба на компанијата имаат за цел да им помагаат на вработените, за проблеми кои ги носи секојдневието. „Линијата за психолошка помош и поддршка“ е отворена секој работен ден, а анонимноста е загарантирана.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: