ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Koнeчно договор, парламентарните избори ќе се одржат на 15 јули

396

Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, денеска телефонски, постигнаа договор изборите да се одржат на 15 јули .
Како што изјави Заев, од претседателот Стево Пендаровски ќе биде побарано утре да се продолжи вонредната состојба, за да се направат неопходните усогласувања на изборниот законик со новиот датум за избори.
Планот е гласањето да трае три дена: на 13 и 14 јули би гласале болните, изнемоштените и оние кои се позитивни на коронавирусот или се наоѓаат во изолација или самоизолација. Изборниот ден, среда – 15 јули, ќе биде прогласен за неработен за сите граѓани, а би се продолжило за два часа и времето за гласање, наместо до 19 изборниот ден да трае до 21 часот.
Постигнатиот договор го поздрави и претседателот Стево Пендаровски, кој очекува дека изборите ќе бидат фер и демократски, како што доликува на земја членка на НАТО и земја кој отпочнува преговори со ЕУ, се вели во соопштението од неговиот Кабинет.
Договорот постигнат меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за одржување на предвремените парламентарни избори на 15 јули, го поздрави еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: