ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Крчмаревиќ ќе го наследи Бубања на клупата на Победа

682

Досегашнот шеф на стручниот штаб на Победа Славољуб Бубања, поради здравствени причини се повлече од функцијата, а клубот за негов наследник утре ќе го официјализира ангажманот на 53-годишниот српски стратег Слободан Крчмаревиќ. Ова беше одлучено на денешниот состанок со клупското раководство

– Победа секогаш ќе биде во моето срце. Се заблагодарувам на соработката на сите во клубот, на соработнците, на фудбалерите , на беспрекорната соработка и посебно на навивачите, од кои имав поддршка како никаде каде сум работел досега. Жал ми е што не освоивме повеќе бодови, но сигурен сум дека Победа од оваа ситуација ќе излезе уште посилна и дека ќе го обезбеди опстанокот во Првата лига изјави Бубања.
Новиот тренер на прилепчани Слободан Крчмаревиќ (53 години) од 2006 година поседува УЕФА ПРО лиценца. Последен негов ангажман бил во клубот Ал Рифа во Бахреин, а во неговата досегашна кариера како тренер работел во:Рудар Велење-Словенија, Докса-Кипар, Медина-Либија, Жетсу-Казахстан, селектор на У-21 репрезентацијата на Казахстан, Анортозис Фамагуста и Аполон Лимасол-Кипар(Куп трофеј 2009/2010), селектор на У-21 репрезентацијата на Србија(6-то место на ЕП), ОФК Београд –Србија(куп финале 2006-пораз од Ц.Звезда 2-4 во продолжение и 3-то и 5 место место во првенството со два пласмани во Куп на УЕФА) и во младите категории во Партизан и ОФК Београд.
Како играч Крчмаревиќ кариерата ја започнал во Партизан (шампион 1992/93 и куп трофеј 1991/92), настапувал и за ОФК Београд, а интернационална кариера градел во АИК Стокхолм(Шведска), Аполон Лимасол (шампион на Кипар 1993/94), и Анортозис Фамагуста(со кој двапати 1997/98 и 1998/99 е прогласуван за најдобар играч во кипарската лига) ПАОК и Паниониос(Грција).
ФК Победа изразува благодарниот на досегашниот тренер Бубања за негова професионална работа во клубот и му посакува успех во натамошната кариера, стои во соопштението на клубот по актуелните настани со смена на тренерската позиција.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: