ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Крушевско фатен дрвокарадец – малолетник нападнат пред обложувалница

1.040

Вечера (12.09.2021 ) во Крушево, полициски службеници од Полициската станица Крушево запреле патничко возило „Шкода” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.И.(47) од Крушево кое било натоварено со нежигосани огревни дрва без потребна документација.

Возилото и дрвата биле одземени и предадени на шумската полиција. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска, рано наутро ( 13.09.2021) во 02.40 во Полициската станица Прилеп, малолетник од Прилеп, со присуство на негов родител, пријавил дека пред спортска обложувалница на плочникот во Прилеп бил физички нападнат со дрвен предмет од чуварот во спортската обложувалница. Се преземаат мерки за расчистување
на случајот.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе