ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ на средба со прилепските стопанственици

1.020

Вистински економски и инфрструктурен бум,  најави лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицоски, од Прилеп при денешната среда со стопанствениците од Регионалната стопанска комора – Прилеп

„Условите за стопанисување се тешки и ковид пандемијата ги направи уште потешки. Стопанствениците  се борат да го зачуваат секоје работно место, и овие луѓе се навистина  јунаци , бидејќи се борат да обезбедат работа, пристоен  личен доход за вработените и континуирано да работат за подобрување на условите  за работа, како и за живеење на работниците.„ – рече Мицкоски

Стпанствениците побарале подобрување на инфраструктурата и поефикасни урбанистички зафати и планови за можни инвестиции, „но во овогодинешниот државен буџет и оној на Јавни патишта не постои средства за некакви вложувања во делот на Пелагонија„, рече Мицкоски, а пратеничката Ане Лашкоска надополни дека оваа 2020 година во Прилеп издадеи се само 17 решенија, одобренија, за градба при тоа правејќи споредба со  предходно власт, кога во годината се издавале по 100-ци решенија за градба и легализации на дивоградби, наведувајќи го овој пример за прикажување на лошото менџирање на актуелната локална власт во урбаната сфера.

За цената на струјата

„Лоштот менаџирање со енергетските компании ќе предизвика шок, односно зголемување на цената на ел.енергија ,но и за оние кои добиваат сметки кои универзалниот снабдувач ЕВН им испорачува. Лошо се менаџира со јагленот и водата со енергетските ресурси, и тоа е причина што ќе доведе до  зголемување на цената . Во иднина ќе се вложува во зелената енергија . Ќе вложуваме во балансирана енергија која нема да предизвика ценовен шок.-рече Мицкоски

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потоа се упати на средба со тутунарите.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: