ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Малолетници предизвикале сообраќајна незгода, пријавени неколку физички напади и едно исчезнато лице

896

Денеска,  05.07.2021 околу 02.00 часот на крстосницата од ул.„Тризла“ со ул.„11 Октомври“ и ул.„Миноски Горан“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „хамачи“, без регистарски ознаки управуван од малолетник од Прилеп и патничко  возило „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, управувано, исто така, од малолетник од Прилеп. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка на мопедот, а со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Во ОВР Прилеп, вчера на 04.07.2021 42-годишна жена од Прилеп пријавила дека таа и нејзините деца биле физички нападнати од страна на нејзиниот сопруг. По расчистување и документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Истиот ден  А.Б.(45) од Прилеп пријавила  дека на ул.„Беровска“ неговиот малолетен син бил физички нападнат од страна на И.Р(20).

Викендов, пријавен е уште еден случај за физички напад: на 03.07.2021 во ОВР Прилеп, И.Р.(20) од Прилеп пријави дека на ул.„Дебарца“ во Прилеп бил физички нападнат од страна на неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Според полицискиот билтен пријавено е и исчезнато лице, имено, на 04.07.2021 во Полициско одделение Ропотово, Д.К.(43) од с.Бело Поле пријавило дека С.Џ.(33) од Прилеп, кој подолго време работел кај него, се оддалечил од неговиот дом. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: