ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Мед за децата во згрижувачки семејства

1.003

Уште еден хуман гест на пчеларското здружение „Братство“. Тие и оваа година не заборавија да донираат по една тегла мед за децата згрижени во згрижувачки семејства.

„Во ЈУ МЦСР – Прилеп имаме регистрирано 21 згрижувачко семејство во кое се сместени 34 деца“ – обајсни директорот на МЦСР- Прилеп, Дејан Tошeски, при оваа средба со прилепските пчелари.

 Теглите мед кој се донираат, се дел од чланарината која ја плаќаат членовите  на здружението „Братство“. Традиционалано, секоја година пчеларите од ова прилепското зружение,  кое брои околу 100-тина члена, по повод 3ти ноември, Денот на ослободување на Прилеп, донираат по една тегла мед, за оваа оваа категорија на деца .

Годинава поради пандемијата со корнавирусот, со цел заштита на здравјето на донаторите и децата ,теглите со мед се предедани во МЦСР -Прилеп, каде што стручните лица, при посета, ќе им ги распределат на децата сместени во згрижувачки семејства .

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: