ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Мистеријата за падот на „кингерот“ останува – 16 години од загинувањето на Претседателот Борис Трајковски

Мистеријата за падот на „кингерот“ останува - 14 години од загинувањето на Претседателот на Македонија, Борис Трајковски

883

Во Македонија и Босна и Херцеговина денеска 26 –ти февруари се одбележува 16 години од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар .

Во авионската несреќа што се случи на 26 февруари 2004 година загина Претседателот на ,тогашна, Република Македонија, Борис Трајковски и осумчлена македонска делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар.

Мистеријата за  причините за рушење на авионот на председателот Борис Трајковки сеуште останува.

Владиниот „кингер” со кој што патуваше претседателот Трајковски, кој требаше да стигне на Меѓународна конференција за инвестирање во Босна и Херцеговинам на 26 февруари 2004 година се урна во  близина на Мостар.

За несреќата која се случи во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи, во близина на Мостар, за причините за падот на „кингерот“, за тоа дали се случила авионска несреќа или било „тероризам“, од тогаш досега беа извршени две истраги и објавени два извештаја, на две комисии со кои раководеа Салко Бегиќ и Омер Кулиќ, а во кои учествуваа и македонски експерти.

И во двата извештаја, кои се разликуваа, сепак, како причина за падот на „кингерот“ се наведува пилотскa грешки и други индиректни системски пропусти.

Во извештајот на Кулиќ се наведува дека агенцијата за цивилна воздушна пловидба на Македонија издала дозвола за авионот без потребна документација, а авионот не бил соодветно одржуван.

СФОР направил процедура за слетување во Мостар каде морало да се користи радар, а радарот претходно бил расклопен и однесен од аеродромот. Босанските воздухопловни власти издале дозвола да се користи таа процедура за слетување поради што „кингерот“ со Трајковски при несреќата воопшто не бил следен од земја со радар.

Не работела црната кутија за снимање на параметрите на летот и била застарена, а не бил функционален ниту уредот за лоцирање на авионот по уривањето. Тоа  било доказ за истражителите дека СФОР крие нешто затоа што сигналот неисправниот уред го пријавиле како причина поради која е лоциран авионот.

Контролорите на летање од францускиот контингент воопшто немале регуларни сертификати за својата функција и не биле достапни за истрагата цели две недели по несреќата.

Европратеникот Андреас Крос, 2011 година почна сопствена истрага за оваа несреќа.Тој трдеше дека има докази дека претседателскиот авион не се урнал поради лошите временски услови и грешка на пилотие.

 16-сет години од загинувањето на третиот претседател на тогашна, Република Македонија, Борис Трајковски

Денеска,во Скопје, во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел цвеќе на гробот на Трајковски ќе положат членови од семејството на претседателот, повеќе делегации и граѓани.
Инаку, планинари од неколку градови од државата по 15 ти пат маршираат во чест на загинатиот претседател Борис Трајковски. Преку четири етапи тие секоја година  поминуваат околу 200 километри за да пристигнат на денот на одбележувањето на  годишнината од несреќата во Скопје. Традиционално како и во изминатите 14 години планинарскиот марш стартува од пред споменикот Македонија во Струмица поставен во чест на Трајковски , а крајната цел на учениците им е неговото вечно почивалиште во Скопје.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: