ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Највисоко златно признание за Прилепска Пиварница од PepsiCo

567

Прилепска Пиварница е добитник на највисокото, златно признание од годишната награда PepsiCo Caleb Bradham Quality Excellence. Caleb Bradham наградата се однесува на квалитетот на PepsiCo производите низ целиот свет и ги оценува врвните перформанси во однос на високиот квалитет и безбедноста на пијалоците. Златното ниво на наградата е доделено само на 18 компании во целиот свет, а Прилепска Пиварница е една од нив.
„Ова е прво вакво признание за Прилепска Пиварница и е од исклучително значење за нас затоа што стандардите, коишто компанијата PepsiCo ги има поставено и коишто ние ги исполнуваме, се навистина големи, а критериумите комплексни. Наградата директно значи дека сме достигнале високи перформанси во текот на изминатата година во однос производството, квалитетот и исполнување на критериумите за безбедност на пијалаците и за дизајнот на самите производи. Овие параметри се од фундаментално значење за секој производител затоа што се однесуваат директно на потрошувачите а тоа е најважно за PepsiCo како глобално призната компанија“, изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.
Во оценувањето на квалитетот на пијалаците од брендовите на PepsiCo учествуваат сите компании од целиот свет и постојат три нивоа на награди – злато, сребро и бронза. Перформансите на компаниите полнители се проценуваат според дефинираните критериуми и се доделуваат признанија и награди соодветно на исполнетоста на бараните резултати.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: