ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Невладината ЦГИ донираше 34 таблет компјутери за учениците од Прилеп и Долнени

756

За да се ублажи проблемот со следење на наставата преку интернет на учениците, невладината Центар за граѓанска иницијатива, денеска донираше таблет компјутери во 2 средни општински училишта во соработка со Општина Прилеп и во основно училиште во општина Долнени за потребите на учениците во основните училишта. Донацијата е од проектот „ Акции против родово базирано насилство кај Роми и други маргинализирани групи“, поддржан од Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје.

– Донацијата се состои од 34 таблет компјутери за социјално загрозени семејства и тоа 15 во СОУ „Орде Чопела“, 15 во СОУ „Ѓорче Петров“ и 4 таблет компјутери во општина Долнени. Овој месец продолжуваме со 111 хуманитарни пакети во хигиенски средства за социјално загрозени семејства и Роми, рече Гоце Тодороски, извршен директор на невладината организација ЦГИ.

Градоначалникот Илија Јованоски се заблагодари на донацијата во име на учениците и семејствата каде што се потребни.

–  Општина Прилеп и јас лично како градоначалник ја поддржуваме секоја иницијатива која што ја имаат невладините организации, здруженија на граѓани каде што имаме подобрување на животот на граѓаните во општината. Денес  ЦГИ невладина организација која што се грижи за подобрување на човековите права во нашата општина и во нашата држава, има донација на таблет компјутери во две наши средни училишта СОУ „Орде Чопела“ и СОУ „Ѓорче Петров“. Ја поздравувам нивната иницијатива, затоа што како хуманитарна невладина организација тоа го прави 23 години со несмалено темпо со хуманитарни акции во училишта и детски градинки. Оваа година имавме и во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп потпомогнати од амбасадата на Сојузна Република Германија донираа санитетско возило кое што секако ќе им користи на граѓаните за транспорт во градот и надвор од него на клиниките во Скопје. Сигурен сум дека ќе продолжи со оваа иницијатива и сакам да им се заблагодарам на ЦГИ кои што ги донираат овие таблет компјутери на децата, и тоа на оние деца кои што најмногу им е потребно, кои што немаат можност да имаат онлајн настава и сега со овие таблет компјутери ќе бидат како останатите деца, рече градоначалникот Илија Јованоски.

Во СОУ „Орде Чопела“ вкупно 40 ученици не се во можност да ја следат онлајн наставата, а со донацијата бројот ќе се намали на 25 средношколци. Во училиштето наставата на далечина преку интернет ја следат вкупно 340 ученици.

– Сакам да испратам голема благодарност до невладината Центар за граѓанска иницијатива Прилеп и до локалната самоуправа за оваа хумана активност. Денес, на нашите ученици ќе им бидат доделени 15 таблет компјутери на ученици кои што ја следеа наставата од далечина, а не поседуваа ИТ уред, а тоа претставува еден нов почеток за сите нив. Со ваквата хумана акција заеднички ќе придонесеме сите ние во нивниот напредок во образованието, во наставата и континуирано можеме да ги следиме нивните постигнувања, рече   Емилија Николоска, претставник од стручната служба на училиштето, упатувајќи апел до сите невладини организации, компании да се вклучат во вакви активности со цел сите ученици да можат да ја следат онлајн наставата.

Во оштина Прилеп околу 900 деца немаат компјутер или таблет компјутер за следење на наставата. Општината распиша тендер за набавка на опремата за учениците, и за училиштата, а како што истакна градоначалникот до почетокот на второто полугодие треба да се реши овој проблем  со следењето на онлајн  наставата.  

ЦГИ годинава реализираше бројни донаторски иницијативи со цел да ја ублажи кризата предизвикана од Ковид пандемијата. Амбасадата на Сојузна Република Германија преку оваа невладина организација донираше во последните неколку месеци амбулантно возило при Општата болница во Прилеп, а во болницата во Кичево во тек на изградба е монтажен објект со 5 простории кои ќе бидат опремени со медицински инвентар со цел подобро справување со пациентите со Ковид 19. Истовремено во болницата во општина Шуто Оризари невладината донира медицинска техника и апарати за дезинфекција, скафандери, заштитни ракавици, маски, визери, боци со кислород, оксиметри и слично. Дополнително, организацијата помага и за жртвите од семејно насилство кое што е во пораст.   

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе