ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ноќеска почнува летното сметање на времето

705

Ноќеска завршува зимското сметање на времето и почнува летното сметање на времето. Ноќта на 31 март стрлките на часовникот ќе се поместат за еден час нанапред, односно 2 часот ќе се смета за 3.

Ова би можело да биде последно поместување на стрелките на часовникот, бидејќи пред неколку дена Европскиот парламент го одобри предлогот за укинување на летното и зимското сметање на времето, но конечната одлука треба да ја донесе Европската комисија која ќе ги преиспита предностите и недостатоците од евентуалната промена.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот. Европските земји сега се подготвуваат за конечно укинување на оваа практика. Согласно одлуката на Европскиот парламент тоа треба да се случи во 2021 година

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: