ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Нови 4 позитивни случаи во Прилеп

924

Денеска се регистрирани 4 нови случаи на лица заболени од КОВИД-19, со што вкупниот број на инфицирани лица во општина Прилеп изнесува 89, соопштуваат од прес службата на Општина Прилеп.

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се вкупно 14 лица позитивни на коронавирус. Тројца од нив во текот на денешниот ден ќе бидат испратени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, останатите 11 пациенти се со средна клиничка слика.

Двајца пациенти се сомнителни на коронавирус, земен им е брис и се чекаат резултати;

Во самоизолација се наоѓаат 373 лица, во изминатите 24 часа сите ја почитувале оваа мерка;

Во текот на изминатото деноноќие, едно лице не го почитувало полицискиот час, заради што ќе му биде поднесена соодветна пријава.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: