ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Новогодишно најукрасено маало

1.065

Жителите од населбата Жабино Мало грижно го чува паркот кој ја краси нивната населба ,а во овие предновогодишни празници, тие знаат и како да го украсат, за да ја доловат божиќната и новогодишната атмосфера.

 

 Овие фотографии ни ги испратија иницијаторите на оваа прекрасна новогодишна идила (Оливер Лозаноски и Видан Николоски) кои со своите семејства, и со поддршка на урбаната заедница Жабино маало, несебично, вложија труд и идеја, за паркот да биде прекрасен новогодишен бајковит свет.

Искрено, им благодариме за довербата и за можноста  на нашиот портал,(наменет за сите граѓани, со цел да не информираат за сите добри и лоши слики од градот) да ги прикажеме, овие интересни новогодишни декорации, направени со многу труд, љубов и инспирација, а новогодишната атмосфера да допре до секој жител од оваа населба и до секој прилепчанец. Честитки! Ако секој поединец и урбана заедница придонесе кон разубавувањето на својот град,градот ќе биде „убаво место за живеење,а тоа ќе  говори за љубовта кон местото во кое живееме, твориме и се среќаваме со нашите соседи и пријатели.

Честитки до „жабиномалци“!

Среќни празници!

Уживајте!

Сите оние кои сакаат да ни испратат фотографии,за се што ке регистрирате во градот (за сите добри и лоши слики од градо,со цел да дадеме критика ,позитивна или негативна) нашата маил адреса е  [email protected]  или испреатете ни ги  во порака на facebook странта  на Radio Pela 96,8 FM.

Ви благодариме за соработката!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: