ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Од септември шахот ќе биде изборен предмет за учениците од прво и второ одделение (ФОТО)

Шахот ќе биде на листата изборни предмети од Септември !1

331

За децата од прво и второ одделение , шахот од септември ќе биде на листата на изборни предмети во основните училишта во Македонија.Ова го соопшти и Шаховската федерација на Македонија која на својата facebook  страна извести дека Бирото за развој на образованието ја одобрило нивната програма за шах во школи и од септември ќе биде на листата на изборни предмети.

Во соопштението меѓудругото се вели :

Му благодариме на ИМ ФТ Орце Данчевски за помошта при изготвувањето на програмата.
Сега ни останува “само” да го промовираме шахот како изборен предмет и да ги обучиме наставниците. Што значи дека дури сега ни претстои најголемата работа.
Само да потсетиме придобивките од шахот се многубројни и вклучуваат:
– Подобрување на концентрацијата и меморијата
– Подобрување на математичките вештини и читањето
– Подобрување на логичкиот начин на размислување, креативноста и критичкото размислување
– Градење на аналитички начин на размислување и пристап кон решавање на проблемите, и подобрување на вештините за решавање на проблеми
– Стимулира подеднаква работа и развој на двете мозочни хемисфери
– Создавање на работна навика
Од Шаховската федерација на Македонија велат дека се отворени  за соработка за сите што сакаат да ни помогнат и вистински да го внесеме шахот во школите и да допреме до секое дете.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: