ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Од утре на полноќ настапува изборниот молк, во понеделник ќе гласаат лицата со COVID-19 и во самоизолација

305

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска со потсетување до радиодифузерите дека од утре по полноќ, заклучно со 21 часот на 15 јули, важат правилата за изборен молк за време на Предвремените парламентарни избори 2020 година.
Според роковите, в понеделник ќе гласаат пријавените лица со Ковид 19 и тие кои што се во изолација. До општинските изборни комисии пристигнале преку 770 вакви барања, а од вкупно 80 општини во 57 ќе гласаат заболени од COVID-19 и лица во самоизолација.
Во вторник, на 14 јули ќе гласаат болните, немоќните, хронично болните, лицата во затворите, во старските домови и во домашен притвор.
Од пријавени 9.499 болни, немоќни и хронично болни лица во ОИК, според информациите од ДИК, прифатени се барањата на 8.852 лица кои согласно упатството на Комисијата поднеле соодветна медицинска документација за да докажат дека имаат потреба од гласање во сопствениот дом. Гласањето во вторник ќе го спроведат избирачките одбори.
Во Прилеп на предвремените парламентарни избори своето право на глас ќе може да го остварат 519 немоќни и хронично болни лица, како и 11 заразени од коронавирусот и седум граѓани во изолација. Ова се утврдените бројки на гласачи, кои се пријавиле во Комисијата за да го остварат своето право на глас на 13 и на 14 јули.
Од 142 избирачки места, во општина Прилеп на 15 јули ќе се гласа на 130 избирачки места. 12 избирачки места се спојуваат со другите зашто има помалку од 10 регистрирани гласачи.
Што се однесува до просторните услови за гласање со сите мерки и протоколи за безбедност при гласањето, 13 избирачки места се дислоцирани во близина каде просторот ги задоволува критериумите за безбедно гласање.
Инаку, на 15 јули в среда ќе се гласа на 3.480 избирачки места во шесте изборни единици во земјата. Граѓаните ќе може да се изјаснат за 1.578 кандидати на 15 партии и коалиции. Право на глас имаат 1.814.263 лица.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: