ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Одбележувањето на двата историски Илиндена под посебни услови

466

Без масовни собири, културно-уметнички програми и со здравствени протоколи за заштита од КОВИД-19, утврдени од Комисијата за заразни болести и усвоени од Владата, ќе се одбележат Денот на Републиката 2 Август, во чест на двата историски Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ.
Претседателот Стево Пендаровски ќе се обрати на свеченоста во Меморијалниот центар во Пелинце, собранискиот спикер во заминување Талат Џафери на Мечкин Kамен во Крушево и претседателот на Владата Оливер Спасовски на свеченоста во Скопје.

И годинава се вклучени содржините од Смилево со кои ќе се чествуваат 117 години од Илинденското востание и 78 години од првата борбена акција на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“.
Во Крушево прославата започнува на 1 ви август, вечерта, на Гумење, со традиционалното отворање на Научно-културните средби „10 дена Крушевска Република“ и со подигнување на бајракот на Републиката, кога треба да пристигнат и коњаниците.
Според агендата, утре вечер ќе бидат положни свежи цвеќиња за Илинденците и хероите, на месноста Слива, во Македониумот каде што е гробот на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев, на Мечкин Камен каде што ќе биде централната прослава.

Годинава, заедно со градот Крушево, домаќин на прославата е републичкото Собрание.
Целата програма на одбележувањето на празникот Илинден од трите локации, од Пелинце, Крушево и од Скопје ќе започне од 10 часот в недела, на 2 ри август.

По повод одбележувањето  на  големиот државен празник  Денот на Републиката, в (недела) во организација на Општина Прилеп, делегации ќе положат свежо цвеќе пред спомениците на: Методија Андонов – Ченто; Кузман Јосифоски – Питу; Ѓорче Петров, Пере Тошев; во   Алејата на народните хероина Споменик „Жена  борец“ и на Могила на непобедените. Чествувањата започнуваат од 8 часот.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: