ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Охрид излезе подобар од Вардар во Прилеп (Победа-Охрид 0:2)

962


Можеби чудно, но вистинито. Пред 7 дена во Прилеп Победа на пријателски меч го надигра Вардар, при резултат 1:1, а попладнево на истиот терен Охрид со 2:0 ја совлада Победа. Ете Охрид излезе поуспешен од скопски Вардар.

Екипата на тренерот Драган Бочески искористи две од повеќето создадени шанси, преку Рамадани во 5 и Колашинац во 83 минута. И тимот на Дарко Крстески имаше свои шанси.

Најубавата акција беше по центаршут одлево, со волеј страотно биеше Бојан Спиркоски, но голманот Симоноски одбрани. На трибините од Градскиот стадион „Гоце Делчев“ околу 1500 гледачи видоа допадлива игра на екипи кои претендираат за пласман во прволигашкото друштво.
Последниот пријателски меч Победа ќе го има в сабота, со Воска.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: