ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп со повик до градоначалникот Јованоски!

684

ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп денеска на прес конференција го повикаа градоначалникот Јованоски да се сретне со сите наставници и родители за да ги слушне вистинските аргументи, за како што велат штетата која што ќе ја нанесе новиот образовен концепт предложен од централната власт. Прес конференцијата ја пренесуваме во целост:

„Од ова место порачуваме: Градоначалник Илија Јованоски, тргнете ги под итно рацете од образованието!? Престанете со парадите низ основните училишта во Прилеп со одбрана публика, затоа што тие нема да ви го подобрат мизерниот рејтинг од 1 процент доверба. Наместо да објавувате на социјалните мрежи дека сте одржале некаква средба, глумејќи транспарентност, на која присуствувале повеќемина наставници и претставници на Советот на родители, покрај директорите, Ве повикуваме да се сретнете со сите наставници и сите претставници на Советот на родители. Се разбира, доколку сакате да ги слушнете вистинските аргументи за штетата што ќе ја предизвика новата образовна концепција на Мила Царовска. Тоа што овие паради ги одржувате пред одбрана публика, изоставајќи родители и наставници кои не ви се по желба, само докажува дека се плашите да дебатирате за вистинските реформи кои се потребни во образованието. Помина времето на мачкање очи, граѓаните го знаат тоа!Под чија директива се одлучивте на ваков чекор? Дали тоа што револтот кај децата и родителите расте со секој изминат ден?Или се уплашивте дека се свесни за непоправливите штети што ќе ги предизвика новиот концепт!. Дали тоа ве натераа да се ставите во улога на „портпарол“ на Мила Царовска? И наместо да одржувате средби во тајност, и да дебатирате со празна фразеологија, да ги збунувате „одбраните“ родители и наставници, охрабрете се и разговарајте со сите наставници и сите членови на Советот на родители по училиштата. Тие ќе ви кажат каде грешите и какви се’ штетни последици ќе предизвикаат вака избрзаните реформи. Почитувани, Новиот концепт ќе донесе само штета за децата. Дигитализацијата и насилно донесената Концепција за образование удира директно на иднината и развојот на децата. Не смееме да дозволиме да биде доуништено и онака веќе разнишаното образование. Последиците ќе бидат по сите нас, по нашите деца, по иднината на оваа држава, Република Македонија“, рече Влатко Петкоски од ОК на МВРО ДПМНЕ Прилеп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе