ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Олимписките игри под знак ???

626

Одржувањето на најмасовната спортска манифестација летните Олимписки Игри во Токио, која треба да започне утре, 23 ти јули, е под голем знак прашалник. Организаторите не го исклучуваат сценариото за откажување на целата манифестација.

Многу спортисти или го откажаа учеството на Олимписките игри поради корона вирусот, а петчлената делегација на Гвинеја нема да отпатува во Токио и нема да учествува на Олимписките игри заради „зачувување на здравјето на спортистите“. Нашата експедиција во која се двајца прилепчани каратиската Пулексенија Јованоска која ќе се натпреварува во кати и  Горан Мицкоски селектор на џудо репрезентацијата веќе се во Токио.

На отворање на игрите, доколку го има, Македонија во дефилето на земјите учеснички ќе се појави како 52. На олимписките борилишта прв ќе настапи пливачот Филип Дерковски кој в сабота ќе настапи во квалификациите на 400 метри слободно и Борјан Бранковски кој во стрелаштвото ќе се обиде во дусциплината пиштол 10 метри. В недела настапува Арбреша Реџепи во џудо во категоријата до 52 килограми, во вторник на потег е теквондистот Дејан Георгиевски во категоријата над 80 килограми, а во среда својата трка на 100 метри слободно ќе ја има пливачката Миа Еминова Блажевска. Потоа настапува Јован Стојоски на 1 август кога ќе трча на 400 метри, на петти август е Пуликсенија Јовановска во карате, во кати, а се завршува со можеби и најголемиот адут борачот Могамедџади Нуров на 6 август за кога е закажан натпреварот во неговата категорија до 97 килограми.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе