ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Патот на помирување меѓу Герамнија и Франција пример за мир меѓу земјите

487

Комеморацијата по повод одбележувањето на 101 година од крајот на Првата светска војна и во спомен на загинатите, изчезнати и раселени лица од сите војни и од сите народи, беше организирана на Германските гробишта во Прилеп , од страна на амбасадите на Сојузна Република Германија и Република Франција во Македонија.

Германскиот амбасадор Томас Герберих при оваа прилика истакна дека е неопходно да се развие способност за помирување, да се создаде свет во кој цврстата волја е обединета, а ужасите од војните да се испратат во арсеналот на историјата.

„Како што можевте да видите постои тесно, блиско пријателство помеѓу овие две држави, ние тоа го покажавме. По крајот на Првата и по крајот на Втората светска војна, сфативме дека не сакаме никогаш повеќе тоа да се повтори. Германија и Франција се соседни земји, Германците и Французите соработуваат заедно, се среќаваат и оваа соработка постои со години. Врз основа на ова пријателство, двете земји соработуваат многу тесно една со друга во рамките на ЕУ и се усогласуваме во однос на политиката за Западен Балкан едни со други“, рече германскиот амбасадор Томас Герберих.

Тој посочи дека Германија и Франција најдоа пат за помирување и дека основата за тоа била и е Европа за заеднички вредности и убедувања, насочена кон неотуѓивите човекови и граѓански права.

-Европа која од континент на војни и опстушувања се преобрази во континент на мир и благосостојба. Одговорот кој го најде Европа, денеска е поитен од кога било. И вреди да има заложба за тоа. Но, идејата на обединет и мирен континент не е автоматизам. Потребна е политика која не изолира и бега во национализам, туку гради нови видови. Тоа е поуката од опустошувањата на минатото, отвореност, великодушност, љубопитност. Не смееме да ги ризикуваме. Тоа е заветот на претходните генерации – истакна Герберих.

По повод одбележувањето на 11 ноември 1918, покрај општинската делегација предводена од претседателот на Совет на општина Прилеп, Миле Талевски, венци положија и делегации на Министерството за одбрана, АРМ, прествници од НАТО , претставници од дипломатскиот кор во Македонија,  а од  политички партии, венци положија Потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и Владо Мисајловски и граѓани на Прилеп

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: