ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Патрониот празник „Свети Никола“ во Прилеп одбележан по 12 ти пат

638

Прилеп денешното одбележување на празникот Свети Никола го започна изутринава во 8 часот со Света божествена литургија во црквата „Свето Благовештение“ со која чиноначалствуваше Митрополитот преспанско-пелагониски г.Петар. Празнувањето потоа продолжи пред параклисот на свети Никола во центарот на градот, каде се изврши мал водосвет и прережување на славскиот колач. Пред присутните се обратија годинешните домаќини, сопствениците на хотелот „Салида“ коишто кумството за наредната година му го предадоа на градоначалникот, Илија Јованоски, чиешто семејство ќе биде иден домаќин на градската слава.

„Денеска е голем ден за Прилеп, денеска е голем ден за граѓаните на Прилеп, денеска е ден на чудотворецот свети Никола, кој што е заштитник на децата, на морепловците и заштитник на граѓаните на Прилеп. Денеска најголемиот дел од граѓаните за своја семејна слава го имаат празникот ‘Свети Никола’. Оваа традиција како Општина Прилеп ќе ја продолжиме да ја славиме и да ја поддржуваме, рече градоначалникот Јованоски, при тоа честитајќи им го именденот на Никола и Николина.
Годинешниот домаќин Ице Ѓорѓиоски,, сопственик на компанијата Салида на сите граѓани им го честитаа денешниот христијански празник и им посакаа здравје, среќа и бериќет. Митрополитот преспанско-пелагониски, владиката Петар истакна дека Прилеп во Македонија е град којшто најторжествено го прославува празникот на својот заштитник, свети Никола.
Домаќините за сите присутни организираа и празнична посна трпеза која беше послужена во центарот на градот, каде присутните имаа можност да ги вкусат уникатните мали прилепски посни сарми, гравот, рибата и другите посни специјалитети. Во приготвувањето на посните специјалитети и годинава се вклучија членките на здружението „Мајка традиција“.
В година, домаќин на чествувањето на Свети Никола патрониот празник на Општина Прилеп е актуелниот градоначалник Илија Јованоски со своето семејство.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: