ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Петти по ред „Денови на Ростковски“

Здружение за македонско руско пријателство

611

Во организација на Здружение за македонско руско пријателство “Александар Аркадијевич Ростковски“ се одржуваат јубилејните 5-ти по ред “Денови на Ростковски“. Манифестацијата започна со полагање на цвеќе на споменикот “Руски крст“ во градскиот парк во Битола, викендов, активностите продолжија во просториите на Славјанскиот универзитет во Битола, каде присутните ги поздравија претседателот на здружението, Пеце Гаштаров и претседателот на Сојузот на здруженијата за македонско-руско пријателство, Јордан Ѓорчев. 
– “Денови на Ростковски“ започна пред пет години, со обележување на 110 годишницата од загинувањето на рускиот конзул Александар Аркадијевич Ростковски, кој бил омилен меѓу народот, а исто така е и патрон на нашето здружение. Дел од рускиот народ, претежно после првата светска војна бил принуден емигрира од својата татковина, па како едно од прибежиштата нашле и во нашите краеви. Од русија пристигнале лица кои биле врвно едуцирани, вистински експерти во своите професии како од медицината, техниката, земјоделието, природните науки, уметноста, културата итн. Сите тие оставиле позитивна трага зад себе за време на нивното работење и творење на овие простори, што останало во колективната меморија на нашиот народ. Така, ние како здружение, секоја наредна година се обидувавме да промовираме личности, настани и дела на Руси кој живееле во Македонија. Годинава сакаме да оддадеме признание на д-р Никола Незлобински и мислиме дека тоа целосно го заслужува, истакна во свое излагање генералниот секретар на здружението, Драган Романски.

Кој бил д-р Никола Незлобински?

Тој бил принуден да ја напушти Русија и заедно со сопругата Софија на 28 август 1924 година пристигнал во Струга, со задача да ја уништи маларијата, која во тоа време била голем проблем во градот и во околината. Покрај другото, д-р Незлобински бил и голем љубител на природата, така што се бавел со собирање и препарирање растителни и животински примероци. Уште во 1926 година приредил изложба каде ги презентирал своите експонати, а потоа неговата збирка многу бргу се збогатувала со нови примероци. Во 1928 година, д-р Никола Незлобински, во една од бараките на болницата, поставил постојана музејска поставка и со тоа ги втемелил музејот „Д-р Никола Незлобински“ и музејската дејност во Македонија.
Проф. д-р Владимир Михајловски, редовен професор на Меѓународниот Славјански институт “Г.Р. Державин“ Свети Николе – Битола, корпоративен Универзитет со ТАМБОВ – РУСКА ФЕДЕРАЦИЈА, одржа предавање за Рускиот конзул Александар Аркадиевич Ростковски.
Регионалното здружение за македонско руско пријателство “Александар Аркадијевич Ростковски “ своите почетоци ги има во далечната 1992 година после признавањето на Република Македонија од страна на Русија. Основачи на Здружението беа неколкумина ентузијасти, големи љубители на пријателска Русија, а потоа се формирааа повеќе здруженија за мак-рус пријателство низ републиката, а во 2002 година се формира и Сојузот на здруженија за македонско-руско пријателство.

Деновите на Ростковски продолжија во Буковскиот манастир, каде што Здружението пред 5 години постави спомен плоча на конзулот Ростковски, како знак на сеќавање дека овој манастир бил летна резиденција на конзулот и неговото семејство во време на неговата служба во Битола.

Манифестацијата беше проследена со пригодни предавања и културно-уметнички содржини, а свој настап имаше женскиот хор на МПЦ.
Со свое присуство манифестацијата ја почестија и преставници од Амбасадата на Руската федерација во Р.Македонија и на Почесниот конзулат на Руската федерација со седиште во Битола, потоа почесниот конзул на Република Унгарија во Македонија, Сашо Јанакиевски и градоначалничката на општина Могила, Јасмина Гулевска.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: