ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Победа нема дилеми за триумф на домашен терен

Обезбеден пласман во четвртфинале на Купот на Македонија

623

Фудбалерите на Победа со половина сили и со комбиниран состав попладнево на стадионот на Могилата го совладаа второлигашот Гостивар со 4-1 и со вкупен резултат 6-2 во меѓусебниот двомеч изборија пласман во четвртфиналето од Купот на Македонија. Победа по декември минатата година одигра официјален натпревар во Прилеп, а денес црвено-белите без некои проблеми и непријатности стигнаа до висока победа, на задоволство на над 500 гледачи кои попладнево дојдоа да го бодрат својот тим.
Стрелци на головите за Победа беа Велковски, Гешоски, Ефремов и Тимовски, а голот за гостите го постигна Исмаили. Покрај Победа и Кораби, кој денес беше слободен пласман во четвртфиналето изборија уште Македонија Ѓорче Петров која го елиминира Вардар, Шкендија, Академија Пандев, Беласица, Работнички и Силекс.
Овој денешен меч посебно ќе го паметат тројцата дебитанти во првиот тим на Победа. По изборената висока предност во последните 30-тина минути тренерот Мегленски шанса да дебитираат во првиот тим им пружи на младинците Христијан Свртиноски и Мартин Јосифоски како и на пионерот -голманот Антониот Столески, кој денес дебитираше со 16 години и неполни 5 месеци.

Извор: www.fkpobeda.mk

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: