ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Победа прокнижи 9 ти пораз, за Крстески уште една судиска неправда

651

Во првенствен натпревар од 16-тото коло на Втората лига-исток, штипска Брегалница понесе 3 бода против Победа, попладнево, на стадионот на Могилата во Прилеп. Стрелец на првиот гол беше Пепи Ѓоргиев во 25 тата минута. Во второто полувреме конечниот резултат стигна во 70 тата минута со голот на Дарко Додев за 0-2 за Брегалница. Мечот се одигра во најголем дел по врнежливо време и тежок терен за игра. Ова е деветти пораз на Победа, што ќе предизвика проблеми за обезбедување на опстанок во Втората лига-исток.
Според шефот на стручниот штаб на Победа Дарко Крстески, главниот судија Костенчев и неговиот прв помошник Ицковски (и двајцата од Скопје) со две свои судиски одлуки директно влијале на конечниот резултат на натпреварот.

 

Крстески: На кого му пречи Победа?

„Честитки за Брегалница за победата. Несомнено дека имаат квалитетен и компактен тим. Но денес не само што ja надиграа нашата екипа, туку ако не бевме драстично оштетени убеден сум дека немаше да освојат бодови. Знаејќи дека имаа два тешки натпревари зад себе, очекував дека ние ќе бидеме кадарни и да ги изненадиме. Иако не

сакам и ретко го коментирам судењето, не можам да не подвлечам дека за жал денес немавме рамноправен критериум од судиите кои директно го режираа мечот. Ова беше скандалозна арбитража насочена директно против

Победа.

 Три дена да игравме немаше да загубиме. Единствено ми е жал за тешката повреда на нашиот напаѓач Анастасовски, кој не беше заштитен од судиите и се здоби со повреда по која, ќе ги сочекаме лекарските прегледи и снимки, но најверојатно за него оваа сезона е завршена.Без разлика дали Победа е во Прва, Втора, Трета или не знам која лига судиите едноставно не смеат да се однесуваат на ваков начин. Апелирам стручните лица во ФФМ да обрнат поголемо внимание на оценката на судењето во нашиот фудбал. Работа на судииите е да судат, а не да режираат исходи на натпревари, а надлежните од ФФМ нека го погледнат ЦД-то од овој меч и ќе видат како на Победа и беше нанесен денешниот пораз.
Ако му смета, на некого Победа нека не исфрлат и во петта лига. Но, нека ни кажат да не се трошат пари џабе. Некој дава пари во клубот и за тоа се разбира треба и отчет, а не друг да ни ја крои судбината надвор од теренот! Ние сакаме да ја испочитуваме ФФМ и досега сме биле максимално коректни ама за возврат на скоро сите натпревари сме на тапет кај судиите“, изјави Крстески по натпреварот.

Победа во Втората лига – Исток се наоѓаат на осмото место и до крајот ги чека тешка битка за опстанок.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: