ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Победа стартува утре, а на стадион со ковид сертификат и публика до 50% од капацитетот

839

Утре, и покрај желбата да се навива за својот миленик Победа, која го започнува првенството токму на домашен терен, ќе нема можност за бројна публика. Владата на денешната седница донесе измени и дополнувања на мерките за спречување на ширењето на ковид-19 според кои се дозволува организирање и одржување на спортски натпревари со присуство на публика на отворено.

победа

Според новите мерки, се дозволува публика до 50% од капацитетот на стадионите, со почитување на протоколите и мерките за заштита. Гледачот ќе мора да поседува сертификат за примена на најмалку прва доза вакцина или сертификат за прележаност не постар од 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Претходната одлука гласеше дека на трибините може да има 30% од вкупниот капацитет. Таа одлука, сега, останува да важи за настаните на затворено.

Утре, стартуваат натпреварите во Втора лига-Исток, а Победа на домашен терен во 16,оо ч ќе ја пречека екипата на Кит Го од Пехчево. Според владината одлука, веќе од утре на влезот ќе биде потребно да се прикаже сертификат или потврда за вакцинација , а трибите да не бидат полни повеќе од 50 % од капацитетот на стдионот „Гоце Делчев„

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе