ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Починал 71 годишен заболен пациент од Прилеп

1.335

Со денешните оздравени 21 лице, досега имаме оздравени вкупно 200 пациенти од коронавирусот.
Од денешните оздравени 16 се од Скопје, 3 од Куманово и 2 од Штип, сите се лекуваа во домашни услови, информира на својата facebook страна министерот за здравство Венко Филипче/

Како што и нформираше министерот , на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починати се тројца пациенти позитивни на Ковид-19 меѓу кои и  71 годишен пациент од Прилеп, кој во таа здравствена установа бил лекуван од 15 април, пациентка од Лабуништа на 46 годишна возраст, примена на 29 март. Во ГОБ „8 септември“ почина и пациентка од Куманово на 63 годишна возраст, хоспитализирана во тешка состојба на 6 април

„Инаку, ова е четврт смртен случај во општина Прилеп како последица на коронавирусот“-  со соопштение информира  службата за односи со јавност при ЛС на Општина Прилеп.

Во изминатото деноноќие направени се 263 теста.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе