ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Посета на родната куќа на Блаже Конески по повод 100 годишнината од неговиот роденден

577

Во родната куќа на великанот Блаже Конески во селото Небрегово, денеска беше одбележана 100 годишнината од раѓањето на великанот. Делегација од Општина Прилеп предводена од градоначалникот Борче Јовчески и претседателот на Совет, Дејан Проданоски, како и делегации од повеќе институции се поклонија и положија цвеќе пред неговиот споменик.

Настанот беше организиран од НУ „Завод и Музеј“ – Прилеп и Фондацијата Небрегово, а на одбележувањето присуствуваа претставници на основните и средни училишта,   Институтот за старословенска култура и други гости. Родната куќа на Блаже Конески претставува значаен споменик на културата и припаѓа на руралната архитектура, посочија претставници од НУ „Завод и Музеј“ – Прилеп во рамките на краткото излагање поврзано со животот на Конески:

„Куќата на големиот поет и македонист е уредена во духот на архитектонскиот стил од крајот на 19 век, во автентичен стил, дел од собите се адаптирани и уредени како музејски простории и места за културни средби. Артефактите во родната куќа на Конески се бесценети, автентични, добар дел е инвентар кој го користело семејството Конески. Родната куќа на Конески е меморијален и едукативен центар, отворен за поетски и духовни средби и посети.“

 Македонски книжевен, културен и јавен работник, академик, поет и есеист, книжевен историчар, филолог и професор на Филозофскиот факултет, Блаже Конески е роден на 19 декември 1921 година во с. Небрегово. Конески основното образование го започнал во Небрегово, но по преселбата го продолжил и завршил во Прилеп, каде завршил и нижа гимназија. Како најдобар ученик во училиштето како стипендист оди во Крагуевац, да учи виша гимназија која ја завршува. По завршувањето на гимназијата во Крагуевац, се запишува на Медицинскиот факултет во Белград, но после еден семестар следи студии по филологија, а по капитулацијата на Кралството Југославија, на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ продолжува да студира филологија.

Конески по ослободувањето активно се вклучува во стандардизирањето на македонскиот јазик и ја изработува граматиката на современиот македонски јазик. Го составил и правописот на македонскиот литературен јазик.Конески е основач на студиите по македонистика на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Во 1967 станува член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и е нејзин прв претседател (до 1975). Исто така бил член на Македонскиот ПЕН центар и еден од основачите на Друштвото на писателите на Македонија во 1947 година и негов прв претседател.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: