ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Повторна битка за Матеј да застане на нозе

379

Дали и овој пат хуманите луѓе ќе се покажат на дело?! Дали Матеј ќе стане на нозе?! Повторно, 12 годишниот Матеј верува и бара помош од хуманите луѓе!

На Матеј Алексоски од Прилеп , кој  боледува од цepeбрална пapализа, минатит месец, по собрани средства од хумани луѓе и донатори, му беше опepиpaна левата нога, односно на тетивата, во соседна Србија, во болницата “Медикус” во Чуприја.

За зафатот беа потребни околу 3.000 евра, средства кои се собраа преку хумани граѓани и донации.  Семејството Алексоски живеат скромно, како кираџии во стара и трошна куќа и ови средства тешко можеа да ги соберат сами, со свој труд.  Благодарение на локалните медиуми кој апелрираа за помош , Здружението “Надеж”, компаниите “Витаминка” и “Комфи Ангел” и многу други хумани граѓани , средствата за операција беа собрани.

Но, сега Матеј да застане на нозе,  потребни се средства за рехабилитација,  па семејството Алексоски, одново, молбено, побара помош за своето чедо од хуманите луѓе и општествено одговорните компании . Рехабилитација во Негорски бањи,  опфаќа три третмани , кои чинат по 1.000 евра од третман, а  Фондот не ги одобрува овие средства , бидејќи детето било оперирано во друга земја.

Родителите не се откажуваат во битката на своето дете да му помогнат, па   со верба и надеж гледаат кон хуманитите луѓе. Денеска нив ги посети повторно хуманитарната организација „Надеж“ која им вети дека ќе застане зад нивната битка во собирање на средста,„  за да Матеј како и секое дете застане на свои нозе“ – напиша организацијата на својот фејсбук профил, апелирајќи за помош.

Жиро сметка на која можете да се донираат средства е: 200001992069107 – Стопанска Банка АД Скопје , или контактирајте го таткото на Матеј на телефонскиот број: 076/665-146.

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: