ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Пожар повторно ја активира ТТПЕ -Прилеп

600

Гореше повторно кај Зaград – прилепско. Се активира ТППЕ – Прилеп. Од објавите на наши сограѓани се препоставува дека гори просторот кај Заград, каде постои дива депонија во близина на споменикот од Дабница. Оние кои по ова убаво време се во близина на овој дел не’ информираа дека гореле отпадни гуми и друг отпад , при што е зафатена и тревната површина, жалејќи,  при тоа, на депонијата која се создава во овој дел од градот и е потенцијално жариште на зараза и пожар.

Одговор за пожарот, чии димни црни облаци, се појавиија над Прилеп (околу 12 часот), побаравме од ТТПЕ -Прилеп ,но до креирањето на оваа содржина не успеавме да стапиме во контакт со одговорните лица.

Сепак, останува апелот, да внимаваме на природата и да не предизвикуваме пожар, зашто последиците од огнените јазици кои ја зафатија Малишевијата Берово, Пехчево и околината на Кочани, Битола, Гевгелија, Старо Негоричане  на 30 јули, пеплосаа неколку региони и уништија илјадници хектари шума ,и  предизвикаа ненадоместлива штета за „Национални шуми“.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе